НОВА ПОБЕДА ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО – ДЕЛИКАТЕС“

Во Спорт
јануари 17, 2022
1 минути

Во заостанатиот натпревар од М-18 во Втора Кошаркарска Лига – Исток, вечерва во Кочани кошаркарите на домаќинот „Баскет Дино – Деликатес“ сосема заслужено славеа над екипата на „Еуро Никел“ од Кавадарци со 89:79 (27:17; 21:20; 21:14; 20:28)

Кочанчани беа поуспешни во првите три четвртини кога создадоа недостижна разлика од 18 поени разлика, која гостите успеаја во последниот квартал да намалат на подносливи 10 разлика.

Најефикасен играч кај домаќините беше Ѕмбов кој постигна 27 коша а по него следуваат: Лазарев и Ивановски 17; Богданов 8, Томевски 6, Романов 4, Манев и Ефремов по 3 и Митев и Крстев по 2. Кај гостите најмногу поени постигна Бојаџиев, вкупно 42 поени (11 тројки), а по него следуваат: Најдоски 11, Митрески и Величковски по 10, Николовски, И. Чадамов и А. Чадамов по 2 коша.

С.  Ивановски