СООПШТЕНИЕ ОД ОО НА СДСМ КОЧАНИ (17.01.2022 ГОДИНА)

јануари 17, 2022
1 минути

Почитувани сограѓани,

На последните локални избори Вие го дадовте својот глас верувајќи дека ДПМНЕ, во текот на својата предизборна кампања, навистина мисли на промени, проекти и победи. Но, за само неполни три месеци, истите тие успеаја во неколку наврати да докажат дека промените и победите што им беа во најава се однесуваа само на задоволување на лични интереси и непочитување на закони.

Ништо поразлично од  кога и да ДПМНЕ дојде до власт!

Како социјалдемократи, сметаме дека сите активности во Локалната самоуправа мора да бидат транспарентни и достапни на кочанската јавност. Сепак тоа е највисок орган кој МОРА да биде во служба на жителите на општината.

Затоа,  ги прашуваме сите одговорни и надлежни сектори и ги повикуваме да дадат директен одговор:

Дали постои поднесена пријава за дивоградба на актуелен советник од редовите на ДПМНЕ и зошто не се реагира и постапува по истата?

Дали повторно некој се обидува да го заобиколи законот на ист начин како што беше во случајот со дивоградбата на вработена од Локалната самоуправа?

Како е можно за неполни три месеци да се пријавуваат дивоградби баш на високи фукнкционери на ДПМНЕ? Зарем толку брзо се охрабрени дека со добиена локална власт се амнестираат од одговорност?

Нивното мото – „Создади нова иднина“ сè поизвесно е дека се однесува на создавање механизми за незаконско задоволување на нивните сопствени лични апетити. Новата иднина им е потребна за злоупотребување на сè што ќе им дојде при рака, но времето на диктатура, режим, заташкување – одамна помина.

Законите и правилата важат за сите и тука нема простор за исклучоци!

Ги повикуваме надлежните да си ја работат својата работа и да постапат согласно законските регулативи!

Одговорност мора да има!

Со почит,

ОО на СДСМ Кочани