НОВИ ТРИ БОДА ЗА „ОСОГОВО“, НА ВРВОТ ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ

Во Спорт
февруари 28, 2026
1 минути

Денес се одиграа натпреварите од 17-тото коло во Втора Фудбалска Лига.

Екипата на „Осогово“ со три бода освоени во Ресен се враќа дома. „Преспа“ и „Осогово“ одиграа цврст и неизвесен натпревар, а „жетварите“ со погодокот на Филип Димоски дојдоа до три нови бода и полека се зацврстуваат на едно од местата кое гарантира сигурен опстанок.

Сепак денес најинтересно беше во Охрид каде истоимениот клуб инаку лидер на табелаѕа ја пречека второпласираната „Шкендија“ од Арачиново. Иако домаќините имаа повеќе од  играта, иако создадоа повеќе шанси за гол особено во првото полувреме, натпреварот заврши со најнепопуларниот резултат 0:0.

Нерешениот резултат во Охрид го искористија штипска „Брегалница“ и „Скопје“ кои со новите три бода им се приближија ба двете водечки екипи. Во штип домаќините им подарија на неготичани седмица, додека Скопје во финишот од натпреварот успеа да ја совлада „Беласица“.

Во Радовиш домаќините дојдоа до три пода во судиското надополнување иако „штоферите“ од Тетово први го открија резултатот. Во Македонска Каменица домаќините ја совладаа просечната екипа на „Победа“ од прилеп исто како и „Новаци“ кој извокува победа на домашен терен против „Кожуф“. „Слога 1034“ остана непоразена во Големо Коњари, виничани поведоа, домаќините постигнаа два погодока и дојдоа во водство на по само седум минути играчите на „Слога 1934“ го израмнија резултатот.

Резултати од 17-тото коло:

Преспа – Осогово  0:1

Брегалница – Вардар (Н)  7:1

Детонит Плачковица – Тетекс  2:1

Скопје – Беласица  1:0

Големо Коњари – Слога 1934  2:2

Новаци – Кожуф  1:0

Охрид – Шкендија (А)  0:0

Каменица Саса – Победа  2:0

Следното 18-то коло се игра во Вторник (03.03.2026) а „Осогово“ го пречекува лидерот на табелата „Охрид“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ