КОЧАНЧАНКИ НА ДОФАТ НА ЕСЕНСКАТА ТИТУЛА

Во Спорт
октомври 26, 2024
1 минути

Се играат натпреварите од 7-то последно есенско коло во Втора Фудбалска Лига за жени.

Во Недела на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани се игра дерби на колото, лидерот на табелата  „Кочани“ го пречекува второпласираниот „Вардар“. Кочанчани и со реми се есенски шампиони, но победата сепак е императив за мирни настапи во пролетната сезона.

Натпреварот се игра со почеток во 14:00 часот.

Двојки од 7-то коло:

Кочани – Вардар

Билјанини извори – Порече

Плаковица – Победа 16

Борец – Слободен

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ