По повод новогодишните празници, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните на Општина Кочани во која се вели:
Почитувани сограѓани,
Во пресрет на празниците и на новите 366 дена, од мое име и од името на општинската администрација, ви посакувам добро здравје, благосостојба и просперитет.
Да ги пречекаме новогодишните празници во добра атмосфера и мир и секој од нас да придонесе заедничкиот дочек на Новата година да помине пријатно и безбедно – стои во честитката од градоначалникот Папазов.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ