СЕ ЗАПАЛИ ВОЗИЛО ВО ДВИЖЕЊЕ ВО ДВОРОТ НА ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ

декември 30, 2021
0 минути

Во 14:20 часот во Противпожарната единица во Кочани пристигната е дојава дека во кругот на Општа болница со проширена дејност – Кочани се запалило патничко моторно возило „Опел Зафира“ со словенечки регистарски таблички.

Интервенирано е со едно возило и тројца пожарникари кои поради сообраќајниот хаос во градот под тешки услови пристигнале на местото на настанот.

Пожарот е изгасната а внатрешноста и каросеријата на возилото претрпело сериозни оштетувања. Возачот поминал без повреди бидејќи навреме излегол од возилото.

На место на настанот излезена е увидна екипа од Полициска станица која ги испитува причините поради кои настанал пожарот.

Од ТППЕ – Кочани апелираат до учесниците во сообраќајот во иднина кога ќе ги слушнат сирените да остават возилото да помине за да се спречат штети од поголеми размери.

С. Ивановски