НОВОГОДИШНО ДРУЖЕЊЕ НА СУДИСКИ АКТИВ И ОФС КОЧАНИ

Во Спорт
декември 22, 2022
0 минути

Судискиот актив при ОФС Кочани и ОФС Кочани организираа Новогодишно дружење во Рибник „Тополник“ во Кочани.

Судиите, делегатите и контролорите од ОФС Кочани, како и Претседателот и Секретарот на ОФС Кочани со заедничко дружење ја продолжија традицијата која секоја година по завршувањето на есенскиот дел и на пролетниот дел ја организираат.

Во една релаксирана атмосфера се раскажуваа згоди и незгоди од фудбалските натпревари, но и се закажа ново дружење таму некаде во Јуни или Јули кога ќе заврши и официјалниот дел од првенството.

С. Ивановски