ЗЛАТКО НИКОЛОВ ПРОДОЛЖУВА ДА ПОБЕДУВА НА МАРАТОНИТЕ

Во Спорт
мај 29, 2023
1 минути

Златко Николов продолжува да победува на маратоните. Тоа е заклучокот по последната негова победа во Охрид на „Ultra trail“ маратонот што се одржа оваа сабота.

Повеќе од 220 маратонци од повеќе држави трчаа на патеката долга 22 километри со 1.100 ,метри висинска разлика а Златко истата ја истрча 2 часа и 15 минути.

Забележителен настап на истиот маратон имаше и Анита Китанова.

Една седмица претходно Николов учествуваше и на трката „Прв до врв“ што се одржа на Водно. Патеката беше долга 4,2 километри со висинска разлика од 800 метри а Златко Николов стигна како трет на целта.

Убави резултати бележи ова младо момче, но и за него како и за многумина индивидуални спортисти главен проблем се финансиите. Секоја трка сам ја финансира а во добро светло го претставува и градот и општината.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ