НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ – ДЕМАНТ

мај 25, 2022
1 минути

Почитувани,

Од ДАФ до НУЦК ”Бели мугри” – Кочани беа доставени две барања  од 11.05.2022 и 16.05.2022 година ( неуредни – без потпис и печат па на наше барање коригирани), во првото барање беше побарано фоајето од салон 1 и тоалетите, но во второто подносителот  ги менува првобитните барања и бара простор кој е руиниран и опасен за граѓаните.

Институцијата посочи дека Западната тераса од институцијата е несоодветно место за одржување на таков вид настан, посочувајќи ги фактите што тој простор го прават неприкладно место, но тука сме за да излеземе во пресрет со сите останати капацитети кои ни се на располагање и кои се функционални.

Националната установа –Центар за култура ” Бели мугри” – Кочани е основоположник на Драмскиот аматерски фестивал, таа е лулка на истиот и како таква била,  е, и  ќе биде главен столб во реализацијата на истиот.

За мене, како одговорно лице, е недозволиво граѓаните да се изложуваат на опасност, но тоа подносителот не го сфатил сериозно па одлучил да ја искористи оваа прилика како алатка за добивање на политички поени.

За дотичниот уметник : На 19.05.2022 година до Центарот за култура “Бели мугри”  – Кочани е доставено барање во кое дотичниот посочува  датум, време, локација, времетраење на настанот и потребни елементи за изложбата на 29.05.2022 година…. Одговоривме позитивно и  дека повторно сме отворени за соработка но датумот мора да биде прикладен за двете страни.

На оваа раководна функција сум неколку години и она што е важно да го напоменеме е дека во овој период редовно имавме комуникација и соработка со дотичниот (промоција на книги, изложби, набавка на негови авторски енциклопедии и слично) , но неговите дрскости и диктаторско расположение оди до таа мера што мисли дека ќе се препукуваме по медиуми и ширејќи лаги ќе ја осквренави институцијата и мене.

Центарот за култура “Бели мугри ” – Кочани ги држи секогаш своите врати  широко отворени за сите уметници и остварува соработка за настани од секаков облик.

Ана Поп Михаилова

в.д. Директор