ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – ИЗВЕСТУВАЊЕ

мај 25, 2022
1 минути

Би сакачле да ве известиме дека во периодот од 11-14 мај, претставници од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани присуствуваа на транснационалниот состанок во Велење, Р.Словенија како дел од проектот „Virtual Reality based educational approach in tackling of Climate Chage“. Партнери на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ од Кочани во овој проект се невладини организации и основни училишта од Р. Грција, Р. Хрватска, Р. Словенија и нашата држава.

Овој проект се однесува на преземање на активности со кои ќе се влијае на заштеда на ресурси, намалување на употребата на енергија и отпад, компензирање на емисии на јаглерод диоксид, зголемена употреба на обновливи извори на енергија, еколошки транспорт итн. Како дел од овој проект ќе се  развие образовен софтвер со помош на кој ќе се зголеми интересот и постигнувањата на учениците, а во исто време ќе се подигне свеста за начинот на кој може да се влијае врз ублажување на климатските промени.

На состанокот училиштето беше претставено со видео презентација од веќе спроведени активности.

Во прилог на овој e-mail ви го доставуваме и официјалното известување од училиштето и ве замолуваме доколку сте во можност да го објавите овој настан во вашиот медиум.

Со почит

Даниел Кралев

Директор на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани