ОД „ОСОГОВО“ ПОРАЧУВААТ: БОДОВИТЕ ОСТАНУВААТ ВО КОЧАНИ

Во Спорт
март 4, 2024
1 минути

Утре (Вторник) продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига. По судиската кражба во Куманово каде „Осогово“ мораше да загуби од домаќинот „Башкими“ кочанчани повторно влегуваат во борба за бодови кои им се и те како потребни.

Утре во рамките на 19-тото коло „Осогово“ ја пречекува екипата на прилепска „Победа“ која во пролетните три кола освои само бод, нема посигнато погодок и се најде во друштво на екипите кои до крајот на првенството грчевито ќе се борат за зачувување на второлигашкиот статус.

„Жетварите“ доколку сакаат успех ќе мора да ја заборават судиската неправда што им беше сервирана во саботата и со ладни глави и оставање срце на теренот да дојдат до нови три бода.

Утре на „жолто сините“ им се потребни и нивните навивачи кои ги повикуваат да дојдат во што помасовен број за да дојдат и заеднички да стигнат до посакуваната победа.

Двојки за 19-тото коло:

„Осогово“ – „Победа“

„Вардар“ (Н) – „Охрид“

„Караорман“ – „Скопје“

„Кожуф“ – „Аресими“

„Детонит Плачковица“ – „Пелистер“

„Каменица Саса“ – „Беса“

„Новаци“ – „Тетекс“

„Беласица“ – „Башкими“

Натпреварите започнуваат во 14:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ