Во Сабота со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 26-тото коло во Втора Фудбалска Лига.
Екипата на „Осогово“ гостува во Прилеп и важи како голем фаворит на овој натпревар, но не треба да се влезе опуштено во игра бидејќи секој противник си има свои квалитети и лесно може оној кој предвреме ги „прокнижил“ бодовите лесно да се лизне. Тренерот Крстев со својата стратегија покажа дека знае за секој натпревар како да ја подготви екипата за што зборуваат резултатите и моменталниот пласман.
Натпреварите во тетово и во гевгелија го привлекуваат вниманието на фудбалската јавност бидејќи и двете екипи се во игра за висок пласман а до крајот на натпреварувањето остануваат уште само четири кола.
Двојки за 26-тото коло:
Победа – Осогово
Тетекс – Охрид
Преспа – нСкопје
Каменица Саса – Големо Коњари
Новаци – детонит Плачковица
Брегалница – Слога 1934
Вардар (Н) – Беласица
Кожуф – Шкендија (А)
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
