ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ОД СЛАВИЦА ЦВЕТКОВА

април 24, 2026
1 минути

Промовирано најновото дело од роднокрајната авторка Славица Цветкова, монографијата ,,Учесници во народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 од Кочани и кочанско”.

Токму во пресрет на 23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право, Библиотеката, но и Кочани се збогатија со уште еден труд, дело на исцрпна и вредна истражувачка работа, кое ќе остави напишан траг за Кочани и кочанско.

Промотор на Монографијата беше проф. Катерина Трендови, рецензијата на Иван Котев ја презентираше Јане Атанасов а низ промоцијата не водеше Верица Паунова Дамеска.

ЈОУБ „Искра“-Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ