ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП – СИМБОЛОТ НА СЛЕПИОТ ЧОВЕК

октомври 14, 2022
0 минути

Во просториите на Здружението на слепи и слабовидни лица во Кочани членовите на здружението на скромен и достоинствен начин го одбележаа 15 Октомври, Меѓународниот ден на „Белиот стап“ – симболот на слепиот човек.

На средбата освен што беше истакнато значењето на Меѓународниот ден на Белиот стап, исто така се разговараше и за проблемите, предизвиците и можностите за подобрувањето на условите за живот на слепите лица во општината.

Еден од членовите на здружението Душко Граовац, лице со 98% оштетен вид упати апел до учесниците во сообраќајот, да го почитуваат Белиот стап со што ќе ги почитуваат и слепите лица овозможувајќи им предност при нивното движење по улиците, тротоарите, како и на другите јавни површини.

С. Ивановски