ЈЕЛИЦА ЗАФИРОВА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ НА КОЧАНИ

март 29, 2023
0 минути

На  Изборно Собрание на Здружението на Пензионери – Кочани за нов претседател со мандат од четири години е избрана Јелица Зафирова.

Зафирова доаѓа на местото на досегашниот претседател Ѓорѓи Серафимов кој на оваа функција се наоѓаше од 2008 година.

На Изборното Собрание присуствуваа делегатите од петнаесетте ограноци чиј пак избор беше завршен до 15 Март оваа година.

Освен Претседател на денешното Изборно Собрание беше избран и нов Извршен одбор но и со посебна одлука Претседател на Собранието.

Во наредните четири години функцијата Претседател на Собранието  ќе ја извршува досегашниот Претседател на Здружението на Пензионери – Кочани Ѓорѓи Серафимов, додека Ацо Стојановски ќе ги претставува Кочанските пензионери во Здружението на Пензионери во Македонија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ