По повод 14 Јуни, Светски ден на крводарителството, Општинската организација на Црвен крст Кочани, на мини свеченост во Мултикултурниот центар во Кочани додели признанија и крводарителски значки на повеќекратни крводарители од Кочани и Кочанско.
На свеченоста беа доделени признанија на крводарители за 5, 10, 25, 50, 75 и 100 пати дарувана крв.
Признанието за 100 пати дарувана крв беше врачено на Боро Спасов од Оризари.
Боро е долгогодишен крводарител на кој Црвен крст – Кочани по повод 100 пати дарувана крв му додели традиционален подарок телевизор.
Низ годините признанија за 100 пати дарувана крв беа доделени на Коце Коцев, Драгољуб Арсов, Ацо Ангелов, Димитар Велков, Петар Делчев, Звонко Илиев и Евгенчо Милчевски.
Признание за 75 пати дарувана крв беше врачено на крводарителот Влатко Јанкулов, додека за 50 пати дарувана крв беа врачени признанија на Јохан Ристов, Драганчо Даневски и Ангелчо Кралов.
Признанија за организација и постигнати резултати во крводарителството, покажана хуманост и солидарност беа доделени на Службата за трансфузиона медицина – Кочани, ОВР – Кочани, СОУ „Љупчо Сантов“, СОУ „Гошо Викентиев“, ТППЕ-Кочани и ДПД – Кочани.
Јавна благодарност за медиумската поддршка, континуирано известување и промоција на крводарителството беше искажана и за ТВ Канал 8, ТВ Кочани, Радио Кочани, и порталите Комарец, Сито и Гласно.
Светскиот ден на крводарителството е ден кој се одбележува со цел да се искаже благодарност на крводарителите како важен фактор во обезбедување на доволно количество резерви на крв како и промоција на крводарителството и негово афирмирање.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ