По повод 14 Јуни, Светски ден на крводарителството, Општинската организација на Црвен крст Кочани, на мини свеченост во Мултикултурниот центар во Кочани додели благодарници и признанија на повеќекратни крводарители од Кочани и Кочанско.
На свеченоста беа доделени благодарници и признанија на крводарители за 5, 10, 25, 50 и 100 пати дарувана крв.
Признанието за 100 пати дарувана крв беше врачено на Звонко Илиев, долгогодишен крводарител на кој Црвен крст – Кочани му додели традиционален подарок телевизор.
Низ годините признанија за 100 пати дарувана крв беа доделени на Коце Коцев, Драгољуб Арсов, Ацо Ангелов, Димитар Велков и Петар Делчев.
Признанија за 50 пати дарувана крв беа врачени на Тони Каров, Методи Глигоров, Бранко Мицов и Венцо Стаменков.
Светскиот ден на крводарителството е ден кој се одбележува со цел да се искаже благодарност на крводарителите како важен фактор во обезбедување на доволно количество резерви на крв како и промоција на крводарителството и негово афирмирање.
Црвен крст – Кочани