Почитувани, Последниот прес на ОО на СДСМ од Кочани е пример за демнење и допирање до дното на политичката кампања на Николчо Илијев!
Денешниот прес содржи јавно признание дека ОО на СДСМ од Кочани има организирано злосторничко здружување за изборите и преку истото спроведува и следење на политички противници, како и елементи за сторување на дело кое со најновите измени на кривичниот законик ќе се вика „Демнење“. Имено тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност или вознемиреност, со најновите измени е предвидено да се казни со парична казна или со затвор до три години.
Вработена во јавна здравствена установа Душанка Трпевска, држи прес полн со злонамерни клевети и информации кои или се чисти лаги или се достапни единствено на “демнач” или на злосторничко здружување кое неовластено следи граѓани! Признаваат следење на бивши функционери и споделуваат информации за тоа дека политички опомент е следен и имаат информации за каде се движи и со кого се дружи. Она што е највознемирувачко е што со пресот се признава дека злосторничкото здружување на власта организира следење на парламентатец и следење на доктор, советник во Општина Кочани што претставува директен акт на насилство врз државата!
Дополнително има обид за попречување на кампањата, а водењето на политичка кампања е законски утврдена категорија, и никој неможе истата да ја попречи или да ја забрани! Партиските активисти и тимовите се нарекуваат партиска војска ама еве овде нема да ги демантираме, навистина се поголем е бројот на активисти кои се приклучуваат кон се појасно изразеното антивладиното расположение во цела Македонија а тоа е случај и кај нас во Кочани!
Очигледно дека од ОО не пронашле никој друг кој ќе е способен да го прочита напишаното па нашле “жртва” која очигледно неинформирана за законските одредби постапува по налог на мафијата на власт!
Стравот и паниката кај профитерите функционери кај Социјалдемократите во Кочани е огромен во сите институции. Ама таму каде што е дното на една кампања токму таму се наоѓа и дното на политичката кариера на оној за кого таа кампања е наменета! Николчо Илијев и СДСМ, во недела 31 октомври, одат во заборав, а таму каде што го одржаа овој срамен прес, токму од таму и ќе дојде најголемата победа на Љупчо Папазов! Оризари ќе ја донесе најголемата победа, Го повикуваме ЈО да испита кој се во Кочани се следи, по чиј налог, кој ги координира следачите, каде завршуваат сите информации, дали во јавните институции има т.н. ,,глинени гулаби” кои ги користат за докази, притисоци на вработени преку јавувања за активност, одење на гласање и дали има ХХХ Вибер групи на полицијата, а дополнително во понеделник очекуваме прес со кој ќе му честитате победа на г-дин Папазов и прес со кој ќе им се извините на нашите сограѓани! Кочани создава нова иднина без демначи!
Со почит,
ОК на ВМРО ДПМНЕ