ОДЛОЖЕНИОТ НАТПРЕВАР „ОСОГОВО“ – „НОВАЦИ“ СЕ ИГРА ВО САБОТА

Во Спорт
декември 5, 2025
1 минути

Мината Сабота на програмата беа натпреварите од 15-тото последно есенско коло во Втора Фудбалска Лига. Но поради обилните дождови што ја зафалија земјата ФФМ реши да се одложат натпреварите, но не сите, се одложија пет натпревари а три сепак се одиграа. Навистина чудно бидејќи како што стоеше во соопштението одложените натпревари експресно се закажаа за 14 Февруари 2026 година.

Ваквата чудна и нелогична одлука наиде на реакции кај повеќето клубови бидејќи првенството (есенскиот дел) не се одигра до крај а веќе беше прогласен есенскиот Шампион. Свесни за големата грешка  и стравот да не се случи реакција од УЕФА Комесарот за натпревари што побргу ги закажа одложените натпревари.

Така во Сабота со почеток во 13:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одигра натпреварот „Осогово“ – „Новаци“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ