Вкупно 21 студент добија општинска стипендија од 3.000 ден (за еден студент) кои ги исполнуваат условите пропишани во Правилникот за стипендирање. До крајот на годината, сите студенти ќе бидат дополнително повикани на доделување и потпишување на договирите за користење на стипендиите.
При потпишувањето на договорите потребно е студентите да ја приложат својата трансакциска сметка.
Одлуката за доделување на стипендии на студенти од Општина Кочани за студиската 2021/2022 година е на следниот линк.
https://kocani.gov.mk/wp-content/uploads/2021/12/stipendii.-1.pdf