АЛЕКСАНДАР АНДОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОФС КОЧАНИ

Во Спорт
декември 15, 2021
0 минути

На одржаното Изборно Собрание на ОФС Кочани кое вечерва се одржа во салата на „Мултикултурниот Центар“ Александар Андов е избран за нов претседател на ОФС – Кочани. Така гласаа сите 19 присутни делегати, и во наредните четири години Андов ќе го претставува ОФС Кочани. Делегатите одлучија негов заменик односно Потпретседател да биде Оливер Јовановски.

Новиот Управен Одбор ќе брои 7 (седум) членови а во истиот влегоа: Александар Андов, Оливер Јовановски, Владо Андов, Сашко Ангелов, Марјан Јангеловски, Мите Бојаџиев и Ангелчо Гошев, додека Надзорниот Одбор го сочинуваат: Гоце Димитров, Столе Тошев и Бранко Богатинов.

ОФС Кочани во ФФМ ќе ја претставува еден делегат, Александар Андов а негов заменик ќе биде Оливер Јовановски.

Инаку вечерашното Изборно Собрание на ОФС Кочани беше верификувано од страна на четворицата присутни претставници од Фудбалската Федерација на Македонија: Владимир Гашевски, Лазар Ракиџиев, Дрилон Ганиу и Никола Зердески.

Инаку на Собранието се дебатираше по дневниот ред кој содржеше 15 точки а го водеше Владо Андов највозрасниот член на претходниот Управен одбор на ОФС Кочани, кое воедно и го закажа вечерашното Изборно Собрание.

С. Ивановски