ОДРЖАН ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО РОБОТИКА ОД FIRST LEGO ЛИГАТА

февруари 28, 2022
1 минути

Викендов во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани се одржа државниот натпревар по роботика од First Lego лигата. На натпреварот учествувааа седумдесетина натпреварувачи распоредени во седум екипи и петнаесет ментори.

Натпреварот е во соработка со Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и истиот се организира секоја година низ повеќе од 100 земји низ светот.

-Овогодишната тема е „Карго конект“, односно решавање на предизвиците за иднината на транспортот на стока, преку креирање иновативни решенија за испорака на пакети и помош при катастрофи. Сето тоа е дел од проектните активности на ОН за одржлив развој, преку создавање одржлива инфраструктура – истакна Гордан Анастасов, претседател на македонската First Lego лига.

На државното првенство во FLL лигата екипата на MAK BOT PIONERS ја освои наградата за најдобар иновативен проект, а победници на овогодинешниот натпревар е тимот Robo Mosquitos од Stem Robotika од Кочани. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов кој беше присутен на настанот ги поздрави сите учесници, а на победниците им посака високи успеси на меѓународиот натпревар.