НАЈАВА: МАКЕДОНСКО-СРПСКАТА ХИТ КОМЕДИЈА „ОБВИНИТЕЛКА“ И ВО КОЧАНИ

мај 16, 2023
1 минути

Национална установа- Центар за култура  “Бели мугри”- Кочани

Ве известува дека в сабота- 20.05.2023 година со почеток во 20 часот ќе биде изведена македонско-срската хит комедија  ОБВИНИТЕЛКА.

Единствената изведба во Кочани, сите заинтересирани ќе можат да ја проследат само во овој термин.

Влез 200 денари

Карти на билетара во институцијата

Работно време на билетарницата. Работно време за набавка на билет:

16.05.2023 – 08.00-16.00 часот

17.05.2023 – 08.00-16.00 часот

18.05.2023 – 08.00-20.00 часот

19.05.2023- 08.00-20.00 часот

20.05.2023- 14.00 часот па се до почеток на претставата

Не пропуштајте ја изведбата на српско- македонската хит комедија со единствената шанса во Кочани!

Во македонско српската комедија ,,Обвинителка” играат: Лидија Вукиќевиќ,  Магдалена Ризова – Черних Сашо Ристовски

Автор: Огнен Неделковски, Режија: Сашо Ристовски, Сценографија: Крсто Богојевски, Костимографија: Елена Лука, Музика: Мишел Траковски, Техничко водство: Диди

Оваа комедија веќе ги полни салите ширум Македонија, а веќе се подготвуваат и изведби во Србија и дијаспората.

Во оваа комедија каде Вукиќевиќ ја игра главната улога. На сцена ќе ги видиме и македонските актери: Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски.

,,Обвинителка” ја третира денешната состојба во општеството. Одговара на низа прашања, како е да си обвинителка, како е да си вработен во обвинителство, како се бараат начини за спас од обвинение, љубов, ризик, бегство…

Низ многу комични ситуации публика ќе ужива во брилијатната актерска енергија и ќе се насмее до солзи.

Оваа претстава е базирана на соработка на уметници од Македонија и Србија, а интересот за оваа хит комедија е огромен во целиот регион.

Со почит.

Ана Поп Михаилова

в.д. Директор

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ