ОДРЖАН „МУЗИЧКИ КАРАВАН“ ВО ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ – КОЧАНИ

април 4, 2023
1 минути

Онака како што беше најавено, денес во просториите на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани се одржа „Музички караван“

„Музичкиот караван“ започна со предавањето на проф д-р Милица Шкариќ – професор на Музичката академија при УГ – Штип на тема „Поставување на раката кај децата, почетници по пијано“ а по завршувањето на предавањето започна вториот, музичкиот дел.

Во музичкиот дел беше одржан концерт на кој освен ученици од ООМУ „Ристо Куруков“ – Кочани, учествуваа и ученици од ООМУ  „Васо Карајанов“ – Гевгелија и ООМУ „Методи Патче“ – Охрид.

Едно прекрасно доживување за да слушнат музички изведби на музичарите кои доаѓаат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ