ОДРЖАН МУЗИЧКО-ПОЕТСКИ НАСТАН „ПОДОБРО ОПШТЕСТВО ЗА СЛЕПИТЕ ЛИЦА ВО КОЧАНИ

јули 11, 2024
1 минути

Во рамките на програмата за одбележување на Петровден, празникот на Кочани, синоќа во салата на Мултикултурниот центар се одржа музичко-поетскиот настан од проектот „Подобро општество за слепите лица во Кочани.“

Во организација на Здружението „Еднакви за сите“, беа претставени реализираните активности и постигнатите резултати од проектот што беше реализиран преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, финансирана од Европската Унија, а спроведена од УНДП, со кофинансирање од Општина Кочани.

На настанот, слепи и слабовидни лица од Кочани имаа поетски и музички настапи.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ