ЛОТО СЕДУМКАТА ПАДНА ВО КОЧАНИ

февруари 10, 2022
1 минути

Лото седумката од играта „Лото 37“ која ја организира Државната лотарија падна во Кочани и истата на среќниот добитник му донесе добивка од 27.385.728 денари или околу 440,000 евра.

Тикетот е уплатен во „Балила 1“ во Кочани, а броевите од добитната комбинација се: 4, 10, 17, 28, 30, 32, 37.

На среќниот добитник или добитниците им посакуваме многу среќа и само за убави работи да си ги трошат парите.

С. Ивановски