НА 13 ЈУНИ – „WOMEN POWER CUP 2026“ – СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ И ЗАБАВА ВО КОЧАНИ

јуни 12, 2026
1 минути

В сабота,  13 јуни 2026 година, со почеток од 17 ч., во училишниот двор на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, ќе се одржи спортскиот настан „Women Power Cup 2026“.

Во организација на „Грин хаб“ од Кочани, а со поддршка од Општина Кочани и повеќе стопански субјекти, настанот има цел да ги промовира спортот, здравите животни навики, женското учество во спортот и активното вклучување на младите во спортски и рекреативни активности.

Во рамките на настанот ќе се реализираат натпревари во баскет 3 х 3, фитнес, а се планирани активности за посетителите – за најмалите, за лица со попреченост и забава за публиката. На настанот се очекува учество на натпреварувачи од повеќе градови во државата, меѓу кои се и познати кошаркарски репрезентативци.

Организацискиот тим ги повикува граѓаните да се вклучат и заеднички да придонесат во промоцијата на спортските активности, со што ќе дадат поддршка на значењето на спортот за локалната заедница.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ