ОДРЖАНА ИЗБОРНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ

јуни 10, 2025
1 минути

Членовите на ОО СДСМ Кочани вчера (Понеделник) во салата на Мулти културниот Центар во Кочани ја одржаа Изборната Општинска Конференција. Седницата започна со едноминутно молчење за трагично загинатите жртви во дискотеката “Пулс” во Коани.   По изборот на работните тела се избраа членови на Извршниот Одбор и на Надзорниот Одбор  на ОО СДСМ Кочани.

Претседателот на ОО СДСМ Кочани, Игор Христов се заблагодари за укажата чест и доверба, а воедно и големата обврска да се раководи општинската организација, при тоа потенцирајќи дека сите заедно, масовно, здружени и сплотени со социјалдемократскиот дух ќе се заложиме за надминување на тешкиот и трауматичен период за Кочани.

На Изборната Општинска Конференција присуствуваше делегација од Централното раководство на СДСМ заедно со Претседателот Венко Филипче.

При своето обраќање Претседателот на СДСМ венко Филипче рече: „Бевме внимателни. Бевме емпатични кон луѓето и родителите во Кочани. Им се наоѓавме, прашувавме што и да треба, и сѐ што можевме – помогнавме. Во ниеден момент не ја политизиравме трагедијата.

Покажавме што значи да се биде политичка партија која делува одговорно. Не сакавме, буквално со ништо, по трагедијата да извлечеме каква било политичка корист.

А што направи власта? Прво не испорача правда. Понатаму не испорачува здравствена услуга и грижа. Не обезбеди финансиска поддршка и не прифати закон за Кочани.

На крај, почна да ги обвинува родителите дека биле инструмент на некоја политичка партија. Тие луѓе, коишто не спиеле со недели, шокирани од она што им се случи – ги нарекуваат со погрдни зборови, за кои ви гарантирам дека дури и не знам што значат.

Во таква ситуација, врв на безчувствителност е – на денот кога родителите протестираат – да организираш настан на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и да запалиш пиротехнички средства“.

ОО  СДСМ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ