Почнувајќи од понеделник, 25 септември 2023 година, здружението на граѓани „Родителски фронт“ започнa со собирање потписи за Петицијата „НЕ за родовата идеологија во училиштата, актите и документите на Општина Кочани“.
Во период од само 6 часа, или по прецизно за трите дена од по два часа, веќе е достигната бројка од 1000 потписи, со што кочанчани упатија јасна порака дека се против родовата идеологија.
„Токму на тој родителски фронт ќе ја изгубите војната за душите на нашите деца. Ние не ја започнавме, но ќе ја водиме до крај и победнички ќе ја завршиме. Оваа подршка е глас громовник кој ќе го покоси секое бреме кое надвиснува над главите на нашите најмили, на нашата радост, на нашата иднина“, истакна Ненад Стојанов , претставник од здружението.
Од здружението информираат дека остануваат понатаму на фронтот. Потписи ќе се собираат и во наредните денови почнувајќи од 18 часот. Локацијата уште денес ќе биде во Градскиот трговски центар, додека во деновите петок, сабота и недела потписите ќе се собираат во Градскиот парк во Кочани.
ЗГ „Родителски фронт“