Почитувани граѓани,
ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани, упатува искрени честитки по повод големиот државен празник 2 Август – Илинден, симбол на македонската борба за слобода, државност и национално единство.
Илинден 1903 и Илинден 1944 се темелите врз кои е изградена македонската држава – борбата на илинденците и асномците нè обврзува никогаш да не отстапиме од правото на сопствен идентитет, јазик и историја.
Денес, повеќе од кога било, потребно е да се вратиме на вредностите на Илинден – обединување, патриотизам, правда и достоинство. Да продолжиме по патот на оние кои се бореа за слободна и независна Македонија.
Нека ни е вечен Илинден! Нека живее Република Македонија!
ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ