СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ

мај 4, 2022
1 минути

Еве како ВМРО ДПМНЕ се “грижи” за граѓаните!

Неспособната локална власт предводена од ВМРО ДПМНЕ:

Нема пари за асфалтирање, реконструкција на улици,

Нема пари за бетонирање на пристапни улици и тротоари,

Нема пари за реконструкција на патишта и потпорни зидови во Ромското мало, нема пари за асфалтирње на улица во централното градско подрачје,

Нема пари за асфалтирање на улици во села

Но, има пари за привремени вработувања (партиски) во општина Кочани.
Партиската група на ДПМНЕ  продолжува расипнички да ги троши парите на граѓаните. Во селата ке инвестираат 800 000 денари..со кои ќе можат да асфалтираат околу 100 метри улица!

Жално е што граѓаните се приморани да го трпат неодговорното и строго партиски ориентираното владеење на Папазов уште три и пол години.

Меѓутоа на   вчерашната  седницa на   Советот на општина Кочани, советничкатa група  нa СДСМ  после  макотрпна  расправија  успеа да изврши промена на ребалансот на  буџетот и да  ги пренамени  парите од 1 000 000 милион денари за партиски вработувања во одржување и изградба на локални патишта и улици.
Ќе се бориме и успеваме заедно и за ѓраѓаните!

 

Со почит, 

ОО СДСМ Кочани