ОЛИМПИСКИОТ БАЗЕН НИКАКО ДА ПРОРАБОТИ

јуни 13, 2024
0 минути

Кога пред четири децении се изгради Олимпискиот базен во Кочани за поблиските општини тоа беше сон. За жал денес тие имаат изградено базени кои кочанчани масовно ги посетуваат за сметка на Кочанскиот базен кој денес е една обична градба која никако да профункционира.

Ако и во овие пеколни горештини не работи базенот тогаш граѓаните со право прашуваат кога ќе биде пуштен во употреба.

Сликата во моментот од Олимпискиот базен кој 1985 година  беше изграден преки ОСИЗ за физичка култура од собраните пари на граѓаните на Кочани е поразителна.

Кој е во моментот сопственик на базенот е помалку важно, но време е тој да се пушти во употреба, бидејќи поголемиот број од населението нема средства за одење на годишни одмори по езерата, морињата или планините, тие го имаат нивниот базен кој за жал никако да проработи.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ