ОО НА СДСМ – КОЧАНИ, ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН

август 2, 2025
1 минути

Почитувани сограѓани,

На овој свет ден, оддаваме почит кон двата Илиндена, коишто спојуваат два суштински момента од историјата на македонскиот народ. Илинден 1903 – симбол на жртва, нескршлив слободарски дух, на хероите од Крушевската Република и асномскиот – Илинден 1944, кој ги постави темелите на модерната македонска државност, прогласувајќи го нашето право на слобода, идентитет и самоопределување.

 

Двата Илиндена, иако одделени со децении, ги поврзува една визија: слободна, достоинствена и суверена Македонија. Оддавањето почит на жртвите на нашите предци е истовремено потсетување и на одговорностите што ги носиме за да го заштитиме нивното наследство – преку единство, напредок и почитување.

Празнувањето на големиот национален и православен празник – Илинден ја обединува и болката по неповратните животи од неодамнешната трагедија во Кочани и повикува на коренити промени кон похумано и поодговорно општество.

Нека е честит Илинден, за многу години!

ОО на СДСМ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ