ПОДНЕСЕНИ ТРИ ПРИГОВОРИ ДО ДИК ОД СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА „НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА“

ноември 2, 2021
0 минути

Како што стои на страната на ДИК (Државна Изборна Комисија) СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ поднеле три приговори за изборите од вториот круг за избор на градоначалник на Општина Кочани.

Приговорите се однесуваат на избирачките места 835 (ДГ „Павлина Велјанова“ – улица Скопска) 865 (село Долни Подлог) и 874 (село Тркање).

Рокот за поднесување приговори трае до среда до 14:00 часот а тоа дали ќе има прегласување или не ќе се знае по завршувањето на рокот за поднесување приговори на јавна седница на ДИК.

С. Ивановски