ОО СДСМ ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО, РЕАКЦИЈА НА ДЕМАНТОТ НА ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

февруари 28, 2023
1 min read

Почитувани граѓани, остро го осудуваме демантот на градоначалникот на Чешиново-Облешево Далибор Ангелов  за случајот со пречистителната станица во с.Кучичино.  Доколку е пријавен случајот на надлежните институции зошто немало противпожарно возило на местото на пожарот? Зошто нема записник во полициската станица? До кога ВМРО ДПМНЕ и Далибор Ангелов ќе ја лажат јавноста и ќе глумат лажна  загриженост за општината. Ветуваше многу проекти, но не испорача ништо, и за волја на вистината дури и тоа што беше во финкција не успеа да го одржи.  Ангелов се пофали со крпење на неколку дупки на патиштата што е срамно за објавување, отвораше улица во с.Чешиново изградена од претходната локална власт, пред некој ден се пофали со поставување канализациона мрежа во с. Уларци чиј проект е изработен и одобрен на претходната локална власт.

Господине Ангелов и “големи политичари” од ВМРО ДПМНЕ, населението од с. Спанчево има проблеми со водата како никогаш до сега, во с. Чифлик нема функционална водоводна и канализациона мрежа во 21 век , жителите од Теранци, Облешево, Чешиново, Соколарци исто таа се соочуваат со проблеми, а “бањскиот туризам “ во с. Бања што го најавуваше Ангелов никако да почне да се развива.

Далибор Ангелов не е компетентен да коментира за блокирани финанскиски сметки во општината затоа што во два мандати (8 години) беше советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и имаше увид на работата на претходниот градоначалник. Ако знаеше за финансиската состојбата во општината зошто се кандидираше за градоначалник или важно му беше да ги стави “рачињата во медот” заедно со партиските полтрони.

Ангелов единствено може да се пофали со вработувањето на член од својата фамилија , а доколку не е точна информацијата го повикуваме повторно да даде демант затоа што гледаме човекот станал “експерт” за деманти.

Со почит

ОО СДСМ ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ