ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ОД КОЧАНИ ГО ОДРЖА НАЈАВЕНИОТ МУЗИЧКИ КОНЦЕРТ

март 7, 2025
1 минути

По повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената, синоќа во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани трета година по ред го одржа музичкиот концерт.

Годинава под мотото „За нашите и за сите мајки“ учениците и наставниците од ова музичко училиште со песни и инструментални музички нумери од познати светски композитори на прекрасен начин испратија порака за празникот на жената.

Музичките изведби на виолина, гитара, пијано, флејта, традиционални инструменти и на хармоника ги разгалија срцата на присутните во салата.

Она што му е потребно на Кочани го имавме во четвртокот навечер, а тоа е публиката со позитивна енергија да ја напушти салата на „Мултикултурниот центар“.

Беше, и нека се повторува и следните години.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ