ОТКРИЕН СПОМЕНИК НА ТОДОР ТОШЕ ПРОЕСКИ ВО НОВА ГРАДИШКА

октомври 25, 2021
1 минути

По повод 14 годишнината од загинувањето во сообраќајна несреќа во близина на Нова Градишка (Република Хрватска)  во саботата во присуство на делегација од Република Северна Македонија, во Нова Градишка (Република Хрватска) беше откриен споменик во чест на нашата прерано почината мега ѕвезда Тодор Тоше Проески.

На свеченоста покрај Градоначалникот на Нова Градишка Винко Гргиќ и Борислав Видошиќ  – Заменик Градоначалник на Нова Градишка присуствуваа и Томе Христоски – Градоначалник на Општина Крушево, Андреј Николоски – Претседател на Советот на Општина Крушево, Милаим Фетаи – Амбасадор на Република Северна Македонија во Република Хрватска и Мите Митев – Претседател на здружението на стопанственици власи во Република Северна Македонија „Мандра“ – Скопје.

Во делегацијата од Република Северна Македонија присуствуваше и Пепи Манасков со неколкумина ветерани од нашата земја.

Со откривањето на споменикот во Нова Градишка жителите на овој хрватски град уште еднаш оддадоа голема почит кон Проески.

С. Ивановски