ООУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОРГАНИЗИРАШЕ НАСТАН СО ХУМАНИТАРЕН КАРАКТЕР

декември 28, 2022
1 минути

Денес во Спортската сала на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ во Кочани се одржа настанот  Спортски игри без граници, настан кој беше  од хуманитарен и забавен карактер.

На влезот од спортската сала беше поставен штанд на „Црвен крст“ на кој беше поставена кутија за донации.  Од средствата кои ќе бидат донирани на настанот ќе се купат новогодишни пакетчиња кои ќе бидат поделени на ученици од ранливи категории.ж

На настанот учество земаа ученици од шесто до деветто одделение од училиштето „Св. Кирил и Методиј“ кои имаа спортски активности во  различни категории.

„Би сакал оваа прилика да ја искористам, од мое лично име и од име на сите вработени во ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ – Кочани , на нашите сограѓани да им ги честитам Новогодишните празници и да им посакам многу здравје , среќа, радост и успеси во новата 2023 година“ рече Даниел Кралев Директор на ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ – Кочани.