ПРОГРАМА ЗА 33. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2024“

септември 11, 2024
1 минути

Годинава, Општина Кочани ќе ја организира 33. по ред манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ која ќе трае од 27 до 29 септември.

Подготвена е богата тридневна програма, со официјално отворање на 27 септември со концерт на македонската поп пејачка Каролина Гочева.

Во сабота, на 28 септември предвидена е целодневна програма во Градскиот парк, почнувајќи од 10:30 часот со изложба и Празнично дефиле, па сѐ до вечерните часови исполнети со многу музика.

Традиционалното зажнејување и вршидба на ориз, заедно со културно-уметничката програма, годинава ќе се одржи во Оризари.

Во продолжение е целосната програма за манифестацијата.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ