ОПАСНОСТ ОД ПАЃАЊЕ НА ЖИЦИ ПОД ЕЛЕКТРИЧЕН НАПОН

септември 17, 2024
0 минути

Опасноста од паѓање на жици под електричен напон е речиси зачестена појава последните години. Иструлени дрвени столбови, напуштени куќи за живеење, одрон на земја се само дел од причните кои последните години допринесоа да електрични жици под напон се најдат на земјата и да бидат опасност за луѓето.

Таков е примерот и на улицата „Димитар Влахов„ спроти дуќанчињата на јужната страна од трговскиот центар.

Раскошното дрво ги налегнало жиците и постои опасност од нивно паѓање на самата улица, што никако не би било добро.

Јавно ги повикуваме надлежните во општината час поскоро да дојдат на самото место да ја снимат состојбата и да ги отстранат гранките кои се опасност и за жиците под напон а и за самите учесници во сообраќајот на една од најфреквентните улици во градот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ