ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД „ФУДБАЛ СТАРС“ – КОЧАНИ ЗА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ОДРЖАНИТЕ ТУРНИРИ

Во Спорт
септември 18, 2024
1 минути

Во пресрет на новото фудбалско првенство во Детските лиги „Фудбал Старс“ од Кочани издаде соопштение со цел да ја запознае фудбалската јавност за постигнатите резултати на турнирите кои се одржаа во паузата помеѓу двете првенства.

„Како и секоја година, така и оваа година учествувавме на три силни турнири од меѓународен карактер.

Првиот во Неготино „Фелер Куп“, вториот во Скопје „Кул куп 2024“ кој се одржа од 7 ми до 9 Септември и третиот со најквалитетни и најголем број на екипи учесници „Илинден куп 2024“.

На сите турнири учествувавме со три генерации деца, родени 2013/2014 и 2016 година. Со повозрасните одигравме многу добри и квалитетни натпревари на кои децата покажаа дека може да се надигруваат и со клубови што имаат подобра инфраструктура и услови за работа што не можаме да кажаме дека се поквалитетни пред се бидејќи тоа се деца кои допрва треба да тренираат и да се развиваат како вистински спортисти и да ги покажат своите фудбалски квалитети.

Сепак со најмалата генерација го постигнавме најголемиот успех бидејќи децата постигнаа победа против реномирани и организирани клубови како што се „Форца“ од  Скопје, „Шкендија“ од Тетово и „Академија Пандев-Брера“ и остварија пласман во 1/4 финалето, одбосно се пласираа меѓу осумте екипи.  Пораз доживеавме од „Црвена Звезда“ од Белград  против која иако бевме рамноправен противник сепак победникот го одлучија моменти на неискуство во поедини делови од играта.

 

Сега кога ги сумираме сите резултати ние како раководни луѓе и тренери сме задоволни од залагањето и прикажаната игра на децата и можеме да кажеме дека имаме едно големо искуство и спремни сме да го отпочнеме стартот на новото првенство во детската лига кое започнува овој викенд (21 и 22 Септември).

Во тек се уписите на нови членови и упатуваме апел до секое дете што сака да игра фудбал да дојде, да се запише и да биде дел од нашата школа „Фудбал Старс“ – Кочани“.

„Фудбал Старс“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ