Ј А В Е Н П О В И К
за избор на Здружение на граѓани за дообразување на возрасни без основно образование
Општина Кочани објавува повик до заинтересирани Здруженија на граѓани за дообразување на возрасни лица без завршено основно образование.
Здружението треба да биде регситрирано во Централен регистар за здруженија на граѓани и да има работен ангажман на вакви и слични проблематики во последните 5 години.
Здружението на граѓани ќе има за обврска да ангажирана лиценцирана школа за дообразување на возрасни и да го спроведе дообразувањето за 30-тина возрасни лица Роми и други ранливи групи од Општина Кочани кои немаат завршено основно образование.
Предност ќе има здружението кое ќе преземе најмалку 50% од трошоците за дообразување.
Општина Кочани за оваа намена има предвидено 200.000 денари во Програмата за социјална, детска и здравстевена заштита на Општина Кочани за 2024 година.
Заинтересираните Здруженија на граѓани треба да поднесат пријава кон која ќе приложат CV и ќе нагласт дека можат да учествуваат со 50% во финансирањето на Проектот на Општина Кочани за дообразување на возрасни без основно образование.
Пријавите можат да се поднесат до едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или на меил адреса: info@kocani.gov.mk.
Повикот трае до 26 август 2024 година (понеделник).
Информации на тел: 072-275-689 Аника Илијевгска Ѓорѓиева.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ