По шест месеци на највисоката локална функција, вршителот на должноста градоначалник Венко Крстевски истакнува дека салдото на сметката на Општина Кочани е двојно поголемо од обврските кон добавувачите, што претставува раритет во општинското работење.
Според финансиските податоци, на 14 април 2025 г., откога Венко Крстевски е вршител на должноста градоначалник, почетниот износ на обврски бил 40.927.040 денари. Денешните обврски изнесуваат 10.451 342 денари. Состојбата на сметката на основниот буџет е 21.283 937 ден. Подмирени се и две рати на кредит со камата во износ од околу 6 милиони денари.
Ликвидната сметка на Општина Кочани е резултат на економично, рационално, домаќинско работење со приоритет за инвестирање за подобрување на условите за живеење на граѓаните.
Општина Кочани ги потсетува граѓаните дека е во тек подготовката на буџетот за 2026 година и ги поканува сите да дадат свој придонес во неговото креирање, со апликација на проекти од јавен интерес со локално значење.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ