Од 14 март до 14 април граѓаните на Кочани можат да конкурираат за субвенции на инвертер-клими, печки на пелети и за велосипеди.
Со цел да ги стимулира домаќинствата за примена на начин на греење што ќе влијае на намалување на загадувањето на воздухот, на граѓаните кои ќе купат печка на пелети или инвертер-клима во периодот на траењето на јавниот повик, Општина Кочани ќе им надомести дел од трошоците, во висина од по 10 илјади денари, нето-износ по барател (домаќинство), според условите утврдени во повикот.
Годинава, во Програмата за заштитата на животната средина, за овој вид субвенции се планирани 1 милион и 600 денари.
Едновремено Општина Кочани го објави и јавниот повик за субвенционирање на велосипеди. Целта е да ги своите жители да користат велосипед како превозно средство наместо автомобил, со што ќе се влијае на намалување на загадувањето на воздухот. На граѓаните коишто ќе купат велосипед со минимум 24 инчи (цола) во периодот на траењето на овој јавен повик, ќе им бидат надоместени дел од трошоците во висина од по 3 илјади денари, нето износ по барател (домаќинство) на начин и услови утврдени во јавниот повик.
За ова субвенционирање во Буџетот на Општина Кочани се планирани 350 илјади денари.
Повиците се објавени на веб-страницата на Општина Кочани, а граѓаните можат да ги поднесат документите и електронски, преку апликацијата мЗаедница.
Општина Кочани