ГОРАН ЗДРАВКОВ НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА „ДЕТОНИТ ЈУНИОР“

Во Спорт
март 14, 2022
0 минути

Горан Здравков од денес е новиот Шеф на Стручниот штаб на второлигашот од Радовиш „Детонит јуниор“.

Според договорот  Здравков ќе ја води екипата до крајот на ова првенство со можност за негово продолжување аа единствената цел е да се обезбеди опстанок и екипата од следното првенство да се натпреварува во единствената Втора лига.

Моментно екипата на „Детонит јуниор“ е на осмото место со два бода помалку од шестопласираното „Пехчево“ односно од седмопласираниот „Кожуф“.

Дали ќе успее Здравков да ја оствари целта на Радовишани времето ќе покажа, но знаејќи за каков стратег се работи и треба да се верува дека Радовиш од следното првенство ќе имапреставник во единствената Втора Македонска Фудбалска Лига.

С. Ивановски