Општина Кочани, во соработка со локални институции и граѓански здруженија, утре ќе го одбележи 3 Декември – Денот на лицата со попреченост.
По тој повод, во 11:30 часот., во ЈОУ Библиотека „Искра“ ќе бидат доделени подароци на децата со попреченост, членови на Спортската асоцијација „Бочија“ – клуб „Зоја“ од Кочани, а на СОУ „Гошо Викентиев“ ќе му биде доделен ваучерот од собраните средства од минатогодишната хуманитарна акција за набавка на скалишно помагало во ова училиште.
Во 12 часот., во Дневниот центар за лица со попреченост во Кочани ќе се одржи средба со децата со интелектуална попреченост згрижени во овој центар.
Во 15 часот., во ОУ „Малина Попиванова“ ќе биде посетена специјалната паралелка, а на учениците со попреченост ќе им бидат доделени материјали за работа и подароци.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ