СКЛУЧЕН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ОПШТИНА КОЧАНИ И „РОМАЛИТИКО“

декември 9, 2021
0 минути

Во просториите на општинската зграда беше одржан состанок помеѓу градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и преставници од Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“. На истиот беше склучен меморандум за соработка за спроведување на проектот „Заедно за просперитетна заедница“.

Овој проект ќе се имплиментира во 17 општини во државата, од кои е и Општината Кочани.

Имено, се најавуваат многу проекти кои ќе бидат поддржани, финансирани и изведени во соработка со Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“, бидејќи низ целата држава се предвидуваат 100 иницијативи, од кои во Кочани се четири или пет. Самите иницијативи ќе бидат определени од заедницата, а ќе има и платформи наменети за донации од дијаспората и од бизнис секторот.

Општина  Кочани