Ваква е моменталната слика на платото пред зградата „А“ во Градскиот трговски центар. Коритата без цвеќиња, мермерните плочи оштетени, трева излезена, нешто што укажува како да не е трговскиот дел од Централното Градско подрачје.
Вработените од КЈП „Водовод“ никаде ги нема, единствено што на платото има се кучињата бездомници и лошата хортикултура.

Пред повеќе од месец дена Градоначалникот на Општина Кочани и градежниот инспектор ги оставија угостителите да си постават столбови и натстрешници, како еден вид на компензација за срушените дивоградби од кои со години општината наплатување и си ги покриваше трошоците за партиски вработените лица во Локалната самоуправа.

Иако и Градоначалникот и инспекторот знаеја дека многу голем дел од просторот околу зградата „А“ е во сопственост на станарите, се ставија над законот и дозволија да се направи тоа што се направи.

Штом тогаш така одлучија еве станарите од зградата ги покануваат да дојдат пред платото да ја скенираат состојбата и да се зафатат за работа, коровот да го исчистат, цвеќарниците да ги средат.

Дали тоа ќе го направат тешко е да се поверува бидејќи ваквите работи нив не ги интересираат ги интересираше да се стават на страната на угостителските објекти.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
