„ОСОГОВО“ БЕЗ БЕЛО ЗНАМЕ ПАТУВА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во Спорт
ноември 7, 2025
1 минути

Екипата на „Осогово“ по голеадата против „Победа“ од Прилеп  со голем оптимизам  патува за Гевгелија  каде на мегдан оди на незгодната екипа на „Кожуф“.

Кочанчани прикажаа добар и ефикасен фудбал во вонредното коло но мора да се признае дека тоа беше натпревар на два нерамноправни противника, гостите од Прилеп без упатен удар кон голот на „жетварите“ покажаа дека годинава се една од најслабите екипи кои гостувале во „градот на оризот“.

Натпреварот во Гевгелија кој е во рамките на 12-тото коло во Втората Фудбалска Лига е мошне важен за двете екипи кои на табелата се со ист број на бодови. Двојки од 12-тото коло:

Кожуф – Осогово

Тетекс – Победа

Вардар (Н) – Шкендија (А)

Брегалница – Беласица

Новаци – Слога

Каменица Саса – Детонит Плачковица

Преспа – Големо Коњари

Охрид – Скопје

Натпреварите започнуваат во 13:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ