Се одиграа седум од закажаните осум натпревари од 13-тото коло во Втора Фудбалска Лига.
„Осогово“ по мошне тежок терен и променливо време за игра го совлада „Вардар“ (Неготино) и му врати за досегашните честири натпревари во кои кочанчани претрпеа три порази а еднаш ремизираа.

Самиот натпревар започна со минута молчење во знак на почит и сеќавање на некогашниот долгогодишен играч на „Осогово“ Ѓоше Лазаров – Рогче, кој мината седмица почина.

Играчите на тренерот Крсте Крстев со напади го започнаа натпреварот и веќе во 5’ преку Драган паунов го отворија резултатот, Следуваше добра игра на домаќините и неколку изгледни прилики за гол. Вториот погодок пасна во 27’ а стрелец беше Владимир Жоглев за да само две минути подоцна младиот Христијан Поп-Антовски по трет пат ја затресе мрежата на гостите и со резултат 3:0 се замина на одмор. Во второто полувреме домаќините намалија со атаците, ги чуваа силите за во вторник кога гостуваат во Штип.

Сепак и со таква игра домаќините постигнаа уште два погодока. Најпрвин во 55’ Иван Николовски зголеми на 4:0. Младата гостинска екипа гореше од желба да постигнат барем почесен погодок и тоа им успеа во 83’ кога преку Исмаил Бектеш намалија на 4:1. Конечниот резултат го постигна тој кој го и започна, Драган Паунов во 88’.

Резултати од 13-тото коло:
Осогово – Вардар (Н) 5:1
Скопје – Тетекс 2:1
Големо Коњари – Охрид (одложена за 03 Декември)
Детонит Плачковица – Преспа 1:1
Слога 1934 – Каменица Саса 2:6
Беласица – Новаци 0:1
Шкендија (А) – Брегалница 1:2
Победа – Кожуф 0:1

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
